↑ Povratak na PROIZVODOT

ПАСТА ЗА ДОМАЌИНСТВО


pasta-za-domacinstvo-limes-pirot-prirodni-proizvodi-lekovito-bilje-za-ciscenjeШИФРА НА ПРОИЗВОДОТ 9001

Карактеристики: Содржи екстракт од босилок и глицерин така што многу заштитно делува на кожата. Ефикасно средство за чистење на многу извалкани и измастени површини од сите типови на нечистотија, кое истовремено дезинфицира и дезодорира.

Дејство:. Се користи во домаќинството за чистење на кујнски елементи, кујнски плехови, модерни садови, санитарии,пластични делови, ѕидни и подни плочки, метални предмети ( бакар, сребро, злато…). На третираните површини им дава сјајна белина и висок сјај. Ефикасно отстранува каменец и рѓа при што не ја нагризува површината. Оваа паста е изразито штедливо средство, како финансиски така и еколошки. Продира ни насобраната нечистотија и чисти а при тоа не остава траги или гребнатини.

Начин на употреба: На влажна површина се нанесува тенок слој на паста, се остава да делува неколку минути, а потоа се мие или се пребришува со влажна крпа. Важно е паковањето на пастата секогаш да биде ,,суво,, и во паковањето да не допре вода. Активната мтерија се зема со суви раце затоа што во допир со вода се активира.

Впечатоци од мрежата:

-Лажица паста растворена во вода можеме да користиме за вриење на алишта..

-За чистење на рерна треба да се вклучи на 50º C, се навлажнува површината која ќе ја чистиме и се нанесува паста. Почкајте да делува 1 час и потоа се пребришува површината..

-Опекотини од врело масло, пегла или врела вода првин се разладуваат со млаз ладна вода и хитно се маже со паста. Се остава да стои 30 минути. Искуството покажува дека пликови сигурно нема да има.

-Може да се користи за пилинг на лактови, пети и лице бидејќи содржи козметички топчиња.

-Омекнува тврди нокти

-Многу брзо ги суши жуљевите.

-Се користи за чистење на грејачи кај машините за перење на алишта. Кога переме бели алишта во прашокот за перење ставаме една кафена лажичка паста за домаќинство и каменецот од грејачите се исфрла со водата во тек на перењето.

Cenonik-rs Cenonik-bh Cenonik-CG Cenonik-MK